Животна училница // Приказни
Семејство македонски стечајци дигна раце од сè и замина в село
- 07 Септември, 2018
Во радовишкото село Смиланци нема ниту селска продавница, нема нови првооделенци и училиштето е во распаѓање, а таму не живеат и многу луѓе. Тоа не ги спречи Благој и Шекерина Серафимови кои со децении живееле во Радовиш повторно да му се вратат на селото од каде потекнуваат. И таму во родната куќа се веќе 12 години. Поради затворањето на фабриката во која работел, Благој одлучил да се врати назад. Сега заедно со сопругата, сите намирници ги произведуваат сами. Првично кога се вратиле чувале стадо овци, сега имаат пчелни семејства и прават мед. Не се единствени во земјава кои се повратници во селата каде живееле, но семејството Серафимови има убава приказна која можете да ја прочитате на Фактор.мк.