Семејството во шок поради тестаментот: Не им оставила ниту еден денар, а само да видите кому му препишала 3 милиони евра

Добивај вести на Viber

Семејството било шокирано од овој нејзин чин, а потоа клопчето почнало да се одмотува

Тестаментот на баба со деменција во Австрија го шокирала нејзиното семејство, бидејќи дознале дека повеќемилионско богатство го оставила не на нив, туку на водоинсталатер, пишуваат австриските медиуми.

Се почнало да се расплетува кога жената поради итна медицинска помош завршила во болница. Меѓутоа, наместо да ги има членовите на нејзиното семејство на списокот со контакти, баба именувала водоинсталатер.

Како што пренесува весникот „Кронен“, сопругот на бабата починал во 2018 година, а парот немал деца, па бабата останала сама. Тие наведуваат дека богатата пензионерка ги прекинала контактите со роднините, односно со сестра и и со децата. По една година, бабата наводно запознала водоинсталатер, кој и изгледал како добра душа и често ѝ се наоѓал во неволја.

На крајот, бабата му го префрлила своето богатство нему. Адвокатите сметаат дека семејството не може да направи ништо за да ги добие парите што останале по смртта на бабата.

- Се додека нема кривично дело измама или принуда, роднините не можат ништо да направат. И тоа би било многу тешко да се докаже бидејќи жената сега почина - вели адвокатот Лоренц Киршнер, кој е специјализиран за оставински прашања.

Медиумите пренесуваат дека во тестаментот бабата сиот свој недвижен имот со вкупна површина од околу 3.000 метри квадратни му го оставила на водоинсталатерот.

Имот вреден најмалку 3 милиони евра

Еден роднина на покојната баба тврди дека на водоинсталатерот не му бил доделен само недвижен имот.

- Никогаш не помислив колку е лесно да се добие наследство без да се биде дел од семејството. Се работи за богатство од три милиони евра и повеќе - наводно рекол роднината.

Извор: Xtitotnet

Фото: Фрипик