Сензацијата на уметничко лизгање - Камила (15) позитивна на допинг: Скандал на Зимските олимписки игри

Камила Валиева, засега, не е суспендирана бидејќи има неполни 16 години и не подлежи на правилата на Светската антидопинг агенција, ситуацијата е збунувачка и се чека конечна одлука.

Младата руска лизгачка Камила Валиева, членка на рускиот тим што го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, е позитивна на допинг тест.

Според рускиот весник РБЦ, таа користела недозволена дрога триметадизин, која се користи за ангина пекторис.

Валиева, засега, не е суспендирана бидејќи има неполни 16 години и не подлежи на правилата на Светската антидопинг агенција, ситуацијата е збунувачка и се чека конечна одлука.

Според Комерсант, одложувањето на церемонијата за доделување на медалите закажана за вторник во Пекинг е поврзано со позитивниот допинг тест на Камила Валиева, којa може да ѝ го одземе екипното злато на Русија.

Камила, новата сензација на уметничко лизгање за време на екипното натпреварување стана првата жена која изведе четирискок.


извор:sport.avaz / alo

Брилијантна: 15-годишната Камила Валиева е првата жена која изведе четирискок на едно олимписко натпреварување (ВИДЕО)