Сестра и брат починаа во ист ден од лек за забоболка: Нивната сестра ги најде мртви, испраќа моќна порака
Тој 6-ти септември братот и сестрите биле во станот кога Стивен им се пожалил дека има болки поради ставање фасети и дека му препишале морфиум
Џејд Купертвејт (32) од Болтон, минатата година ја пронашла својата сестра Карла (26) мртва, а потоа влегла во спалната соба за да открие дека нивниот брат Стивен (33) ја доживеал истата судбина.
Нејзините брат и сестра трагично починале откако се самолекувале.
Карла, всушност, се обидела да ја смири забоболката со лекови кои му биле препишани на Стивен, кој се лекувал од зависност, пишува „Мирор“.
"Сè уште не можам да прифатам дека и двајцата починаа во ист ден. Тоа е неверојатно сурово", изјави нивната сестра Џејд.
Таа ја искористи нивната смрт како пример за да им покаже на луѓето колку е опасно да се користат лекови самостојно и дека „само затоа што терапијата е добра за некого не значи дека ќе биде добра и за вас“.
„Не земајте лекови кои не ви се препишани“, апелира таа.
„Животот ми е празен без нив. Делевме дом, позајмувавме облека еден од друг, правевме сè заедно. Си личевме толку многу, луѓето мислеа дека сме близнаци. Си ги завршувавме речениците, бевме на иста бранова должина. Карла ме поддржа кога го изгубив моето бебе по породувањето, а сега сите се закопани. Тоа ми е утеха бидејќи се заедно“, изјави скршената сестра.
Џејд истакна дека Карла земала морфин за лекување на забоболка.
Тој 6-ти септември братот и сестрите биле во станот кога Стивен им се пожалил дека има болка поради ставање фасети на забите и дека му препишале морфиум. Карла тогаш боледувала од забоболка, имала интервенции и планирано вадење на уште четири заби.
„Стивен стави фасети и рече дека му препишале морфиум. Кога ѝ го понуди, не видовме никаква штета. Верувавме дека е во ред да ги користиме истите лекови за слични работи. Заспавме на каучот, а кога станав, видов дека Карла не дише. Влегов во собата и го најдов брат ми мртов“, објасни Џејд.
Итната помош пристигна неколку минути подоцна, но не можеше да направи ништо друго освен да констатира смрт.
Истрагата претходно овој месец покажа дека Стивен се борел со зависност.
Извор: Telegraf.rs