Животна училница // Приказни
Сестрите Анастасија и Тијана од Василево ги донираа долгите коси за дечиња болни од рак
- 03 Јули, 2024
Сестрите Анастасија и Тијана од Василево ја покажаа нивната хумана страна. Долгите коси ги донираа за дечиња болни од рак, ова го објави фризерот и стилист од Струмица Александар Тошев.
„Уште еден позитивен пример за сите: Сестрите Анастасија (13) и Тијана од Василево ги скратија долгите коси и ги донираа за дечиња болни од рак“, напиша Александар.
Ова не е прв пат во фризерскиот салон на Александар да дојдат мали девојчиња кои долгите коси сакаат да ги донираат за дечињата кои боледуваат од рак.
Фото: Фејсбук