Северина емотивна на прославата на својот 51-ви роденден: Ти си мој живот и мој роденден, секој ден... (Видео)

Добивај вести на Viber

Кој би рекол дека Северина Вучковиќ ја гази шетста деценија од животот. Од фотографиите направени по повод прославата на нејзиниот 51-ви роденден може да се забележи дека пејачката изгледа подобро од било кога.

Главен гостин на вечерта беше нејзината најголема љубов, синчето Александар, на кој му посвети емотивна порака.

-Ти си мојот живот и мој роденден, секој ден, напиша таа на објавата на својот инстаграм.

Она што исто така и го одбележа овој роденден е и честитката од познатата актерка Шерон Стоун.