Северина ги подели луѓето на Балканот: Со новата песна испраќа порака која сите ја коментираат (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка Северина знае како да ја разбранува јавноста

Една од најпознатите хрватски пејачки Северина Вучковиќ предизвика вистинска лавина коментари на социјалните мрежи. Таа на својот Инстаграм профил сподели неколку фотки од нејзиниот нов спот за песната „Верувам во Господ“, кој ќе биде објавен утре.

Необичната облека и уште поинтригантниот наслов на песната предизвикаа реакции кај сите кои ги видоа фотографиите.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)


Заедно со фотографиите на социјалните мрежи беше напишано и следново:

-Приватниот живот на Северина е изложен на јавноста сакала и не, а во себе содржи многу страдања и тага, но и многу среќа. Таа го преживеа објавувањето на приватни снимки и фотографии, одземањето на едно дете, речиси стотина тужби, една свадба и развод. Далматинка, која помина низ се' што Бог може да постави за една жена, Северина покажа дека е успешна во преживувањето на бродоломи. Дури и кога стопати ќе ја скршат на атоми. Ова е жената за која пее Северина во песната „Верувам во Господ“ и преку која всушност ја преиспитува својата вера и искрено и цинично се навраќа на своите грешки во животот – пишува во соопштението што нејзиниот ПР тим го испрати до Медиумите.
Текстот за нејзината нова песна го напиша познатиот пејач Дино Мерлин.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)


Она што ја заинтригира јавноста е облеката од видеото. Соработниците на Северина дадоа посебно објаснување за тоа.

Имено, станува збор за фустан кој се носи преку глава, од дизајнерскиот бренд „Коперни“, чии основачи и дизајнери на модната недела во Париз го нацртаа фустанот на Бела Хадид во живо со спреј.

View this post on Instagram

A post shared by Severina (@severina)


Како и многу пати досега, Северина отиде чекор понапред од сите и успеа да предизвика реакција кај сите. Слободно може да се каже дека уште еднаш го подели целиот Балкан.

Меѓу коментарите за згодната сплиќанка имаше и такви кои ѝ дадоа ветер во грб, но имаше и такви кои коментираа дека всушност претерала бидејќи во еден дел од видеото е облечена како калуѓерка, а во друг дел е прилично гола.

извор:GLOSSY