Актуелно // Жолта минута
Шабан би плачел од среќа, објавена прва фотка од неговата новородена внука: Стигна принова во семејството Шаулиќ
Сопругата на Михајло Шаулиќ се породи и роди здраво девојче, радоста во семејството никогаш не била поголема.
Денеска е најсреќниот ден за членовите на семејството Шаулиќ! Денес нивниот свет е побогат за уште еден член, а радоста во нивниот дом е неизмерна.
Михајло Шаулиќ, синот на починатиот пејач Шабан Шаулиќ и конзул на Република Србија во Цирих, стана татко. Неговата сопруга Марина на свет донесе мало девојче кое нејзините горди родители го крстија Мања. Пораѓањето поминало во најдобар ред, а во куќата на Шаулиќ уште се слави.
Ова е прво принова во семејството по трагичната смрт на кралот на народната музика, па на сите им донесе посебна радост, за што баба Гоца ги сподели првите впечатоци.
„Сите сме надвор од себе од среќа, Мања е нашиот благослов. Сигурна сум дека денес Шабан би бил најсреќниот човек на светот бидејќи секогаш сакал да го види Михајло исполнет во улогата на татко. Сакам да му се заблагодарам на нашиот семеен пријател Доцент доктор Ивана Ликиќ Лаѓевиќ, која го водеше породувањето. Во нејзиниот тим беше и доктор Игор Пилиќ, син на професорот д-р Жарко Пилиќ, кој ме породи мене и и Михајло пред 37 години“, изјави гордата баба Гордана.