Шакира во прво интервју по „одмаздничката песна“ наводно посветена на Пике: Развив емотивни мускули од болка
Колумбиската пејачка го даде првото интервју по претставувањето на нејзината песна која го „сруши“ Интернетот и која многумина ја поврзаа со разделбата со поранешниот фудбалер Жерар Пике.
По бурниот период во животот и прилично јавното раскинување со партнерот со кој има две деца, поп ѕвездата сними трилогија песни за својата поранешна љубов, а сега јавно проговори за тоа.
„Открив дека бајката дека на жената и треба маж е лажна бидејќи бев зависна од маж и заљубена во љубов. Мислам дека таа приказна ја разбрав од друга перспектива", изјавила Шакира во интервјуто кое го пренесува Ел Паис.
Шакира и Пике се запознале во 2011 година додека го снимале спотот за нејзината песна „Waka, Waka“ за Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година. Тие никогаш не се венчаа, но добија два сина - Милан и Саша.
Клара Чиа Марта, студентка која работеше во ПР тимот на Пике, неколку пати беше во центарот на вниманието по разделбата на пејачката и спортистот, а по некое време фудбалерот престана да крие дека е во врска со неа.
Шакира не криеше дека поради ова и е скршено срцето, за што зборуваше и минатиот септември во интервју за „Elle“. Сепак, по разделбата утеха нашла во децата, музиката и пишувањето, што, како што вели, било како посета на психолог.
Така се роди нејзината песна „Session #53“ со аргентинскиот продуцент Бизарап, во која текстот очигледно е посветен на нејзината поранешна љубов.
„Влегов во студиото на еден начин, а излегов на друг начин. Ќе бев на друго место да не ја снимив таа песна, бидејќи откако ќе ти се скрши срцето и ќе доживееш празнина и разочарување, треба да размислиш што чувствуваш“, изјави Шакира.
Шакира, која на својот поранешен партнер Пике му сервира не толку суптилна „одмазда“ песна која неофицијално беше насловена „Out Of Your League“ или лабаво преведена како „Надвор од твојата лига“ и доби повеќе прегледи во првите 24 часа на YouTube од која било друга латино песна во историјата.
Пејачката без „влакно на јазик“ ја задеваше новата девојка на Пике, Клара Киа Марта (23), велејќи во еден стих дека „вреди за две 22-годишни“.
Таа, исто така, во песната пее дека „променил Ферари за Твинго“ и „Ролекс за Касио“. Таа не ги премолчи проблемите со шпанските власти кога беше обвинета за затајување данок од 14,5 милиони евра.
„Ме остави со свекрвата за комшика, новинари на врата и долг кон државата“, пее Шакира во еден стих.
Интересно е што соработката со Бизарап настанала откако ѝ ја предложил нејзиниот син Милан.
„Децата имаат посебна чувствителност и јас ги слушам. Песната е создадена на предлог на Милан. Тој ми рече: „Мамо, треба да направиш нешто со Бизарап, кој е бог во Аргентина“, а јас му покажав дека штотуку напиша и му кажав на менаџерот дека сакам да пеам со Бизарап“, се присети пејачката.
Беше полн погодок. Видеото достигна повеќе од 48 милиони прегледи за помалку од 24 часа, надминувајќи го рекордот на YouTube што претходно го држеше песната „Despacito“.
Шакира моментално е трета најслушана пејачка на мрежата Spotify, каде има речиси 80 милиони месечни слушатели.
„Мило ми е што ова и се случува на жена од Колумбија, Латинска Америка, Шпанија“, вели Шакира.
Во септември ќе го објави својот нов албум, прв во последните пет години, а ќе содржи песни на англиски и шпански од најразлични жанрови.
Поминувањето низ тежок период ја научил, вели таа, да сфати дека болката е составен дел од животот и дека развила „емоционални мускули“.
„Не се остваруваат сите соништа, но животот наоѓа начин да надомести. Секогаш ја избегнуваме болката, но излегува дека таа е составен дел од животот", вели пејачката.
За време на тој процес, таа прифати дека мора да ги „собере парчињата од подот“ кога некои соништа се скршија, но сега таа ги надмина пречките и најде сила.
„Кога жената треба да се соочи со животните проблеми, таа излегува од нив посилна, бидејќи учи да го изразува она што го чувствува. Сега се чувствувам комплетно, бидејќи чувствувам дека се потпирам на себе и имам деца кои зависат од мене", вели Шакира.
Фото: Youtube - screenshoot
Видео: Youtube