Пике ја понижи пред целиот свет и ѝ приреди голем срам: Сите мислеа дека ќе полуди, но Шакира удри онаму каде што најмногу боли

Добивај вести на Viber

Животната приказна на пејачката Шакира наликува на филм, а неверојатен е фактот што роденденот го слави истиот ден со поранешниот

Колумбиската пејачка Шакира не се преправа дека го привлекува вниманието на јавноста по раскинувањето со фудбалерот Жерар Пике, кој ја изневерил. Цел свет брмчи за нивната разделба, додека деталите од семејните односи полека излегуваат на површина.

Последната вест која ја шокираше јавноста се однесува на односот со поранешната свекрва која наводно ја малтретирала, а пејачката не и останала должна со тоа што и испратила провокација кога ја сместила вештерката на балконот со поглед на куќата на свекрвата.

Пејачката доживеала големо предавство кога Пике и забил нож во грб. Тој ја донел својата љубовница Клара со која сега е во врска дома, а пејачката ја открила измамата благодарение на тегла џем. Имено, бидејќи никој во куќата не јадел џем, пејачката забележала дека и недостига половина тегла, по што се појавиле првите сомнежи за верноста на нејзиниот партнер.


Двојката ја објави својата одлука за раскинување минатата година, а Шакира не му остана должна на Пике, туку сними одмаздничка песна која стана светски хит, во која таа го прозива.

Благодарение на ова, нејзината популарност се зголеми уште повеќе, додека таа почна да добива големи приходи. Меѓутоа, и дека Пике не е рамнодушен, сепак, покажува и фактот што тој ја коментираше нејзината песна и и се насмеа на пејачката во неговиот подкаст. Работата да биде полоша, до него седел нивниот син Милан, па многумина коментираа дека фудбалерот го врти детето против мајка си.

Врвот на сè е што Шакира и Пике се родени на ист датум, т.е. 02.02., а нумеролозите веруваат дека тоа има силна симболика.

Шакира уште еднаш покажа како се‘ може да се види од позитивната страна и да се свртат работите во своја полза. И покрај тоа што секогаш газеше по трње, таа успеа да ги надмине сите препреки.

Имено, пред да стане голема ѕвезда, поп-пејачката Шакира своето скромно детство го делеше со шест браќа и сестри, а желбата да го надмине неуспехот на нејзиниот татко, кој ги доведе до банкрот, и го отвори патот до славата.

Колумбиската кралица на песната и танцот Шакира го освои светот со својот продорен глас, но и со исклучителната смисла за сценски настап, што ја направи препознатлива ширум светот. Од девојка која беше исмејувана од пријателите и угнетувана од професорите, таа израсна во вистинска убавица, за која во еден момент дури и фудбалскиот клуб Барселона реши да воведе посебен начин на однесување. Поточно, управата донесе привремена одлука да и забрани настап на нивните натпревари за да не го одвлекува вниманието на посетителите од најважната споредна манифестација на светот.

Сето ова осамна во јавноста откако таа ја откри врската со Жерар Пике. Шакира мирно го надмина овој медиумски притисок и со својот шарм ги наведе челниците на клубот да ја повлечат одлуката, а пред десетина дена повторно го бодреше своето момче од трибините на стадионот „Камп Ноу“.

Родена е на 02.02. во 1977 година во Колумбија, а потекнува од мешан брак - татко ѝ е емигрант од Либан, Вилијам Мебарак Шадид, а нејзината мајка е Колумбијка, со шпанско-италијанско потекло, Нидија дел Кармен Рипољ Торадо.

Уште како мала покажала талент за музика, додека веќе на 7 години пишувала текстови и почнала да компонира музика. Таа се пријавила и на училишни натпревари, каде што била одбиена со образложение дека има глас „како коза“.

Пресвртот дојде откако таа се пријави на натпревар по пеење во телевизиското шоу Виван Лос Нинос, што во превод значи Да живеат децата. Одлучувачкиот момент во нејзиниот живот се случил кога имала осум години. Имено, нејзиниот татко банкротирал, па ја испратил заедно со остатокот од семејството во куќата на пријател во округот Оринџ.

„Додека татко ми минуваше низ пеколот, за мене движењето значеше патување и можност да јадам американски слатки. Кога се вратив во Колумбија, сè беше исчезнато од удобниот дом: два автомобили, мебел, дури и климата. Се сеќавам на дупката во ѕидот, а телевизорот во боја стана црно-бел. Бев збунета, фрустрирана и лута на моите родители. Не можев да верувам дека се неспособни. Потоа ме одведоа во парк и ми покажаа дека не сме изгубиле сè уште“, изјави Шакира за британското издание на магазинот ОК и додаде:


„Видов боси деца и бездомници како дуваат лепак. Таа слика ми се врежа во сеќавањето. Сфатив дека сè уште можам да одам на училиште, а имам и семејство кое го сакам. Решив да успеам и не сакав да го трошам остатокот од мојот живот без можност да возам убав автомобил. Калуѓерките во училиштето ме охрабруваа да играм стомачен танц на училишни настани. Имав десет години кога донесов одлука за мојата иднина. Знаев дека сакам кариера во музика“.

Многумина го оценија нејзиното пеење како лошо, но пејачката не губеше надеж и упорно се трудеше да го развие својот талент.

Таа својот прв албум, Magia, го сними во 1991 година за сопствената издавачка куќа кога имаше само тринаесет години. За нејзина несреќа, и покрај нејзината напорна работа и релативно добриот тим што го имаше како почетник, нејзиниот албум помина катастрофално лошо и беше продаден во тираж од само илјада примероци.

Сепак, идната ѕвезда не дозволи неуспехот да и ги потоне сите надежи, па по двегодишна пауза издаде нов албум наречен Пелигро. Иако помина подобро од првото, Шакира сепак реши да направи пауза за да може да заврши средно училиште. Додека студирала, животот не и бил воопшто лесен бидејќи делела мал стан со своите браќа и сестри. На неа позитивно влијаеше големото семејство, а тоа што рано научи да се фокусира на себе и беше од голема корист во работата. Сепак, и покрај се‘, до ден денес остана многу срамежлива и повлечена личност, сосема спротивно од начинот на кој се претставува пред публиката.


По паузата која следеше како резултат на желбата за образование, Шакира се врати во студио во 1995 година и го сними третиот албум Pies Descalzos, кој ѝ донесе популарност во Латинска Америка. Сингловите Estoy Aqui, Pies Descalzos и Suenos Blancos станаа икони на поп културата. Pies Descalzos продаде преку четири милиони примероци, а беше објавен ремикс кој вклучуваше верзии на нејзините песни на португалски за да се пробие на бразилскиот пазар.

„Кога ќе ти кажат дека нешто што си направил го купиле милиони луѓе, таа среќа не може да се опише, а особено не е лесно да се справиш со тоа кога си млад како јас во тој период. Поради фактот што преку ноќ излегов од анонимност и станав јавна личност, на повик на пријател решив да посетам психијатар. Мислам дека е многу корисно ако имате мапа за вашата психа затоа што на тој начин знаете каде одите. Честите сесии на каучот ми дозволија да стојам цврсто со двете нозе на земја“, изјави пејачката.

Освен со својот специфичен глас, Шакира се прослави и по својот танц и движења, кои ги научила од нејзината баба од Либан, која во детството и ја открила тајната на овој танц. Провокативните танци и видеата полни со страсти се во целосна спротивност со нејзиниот приватен живот - единаесет години била во романтична врска со нејзиното едно момче, Антонио де ла Руа, синот на поранешниот аргентински претседател.


„Во текот на речиси 11 години поминати заедно, се грижевме еден за друг и се поддржувавме на секој начин. Тоа беа најубавите години во нашите животи и имавме исклучително квалитетна врска", објави Шакира по завршувањето на романсата.

Сепак, Антонио набрзо ја тужел Шакира и ѝ барал неверојатни 250 милиони долари. Причината? Пејачката „одеднаш“ го раскинала деловниот договор што го имала со него, а синот на поранешниот претседател на Аргентина и адвокат се чувствувал како поранешната партнерка да му должи нешто.

Шакира подоцна стапи во врска со Пике откако се запознаа во 2010 година. Живееја во вонбрачна заедница и добија 2 сина, - Милан и Саша.



По болниот удар што ѝ го зададе Пике, пејачката стана од пепелта и со нова песна порача: „Жените не плачат, жените заработуваат!“. И тоа го направи, наместо да биде мрачна и депресивна, пејачката заработи од измамата бидејќи бројот на нејзините фанови значително се зголеми.

Доаѓаме до заклучок дека пејачката од се‘ излегува како победник, додека на целиот свет му одржа голема животна лекција. Браво жено!


Фото и Видео: Инстаграм

Фото насловна: Youtube - screenshoot 

Шакира секогаш имала бурни врски: Го сакаше овој човек пред Пике, а тој ја тужеше за 250 милиони долари (ФОТО)