Шакира секогаш имала бурни врски: Го сакаше овој човек пред Пике, а тој ја тужеше за 250 милиони долари (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Познатата пејачка Шакира со недели е во центарот на вниманието поради бурното раскинување со фудбалерот Жерар Пике, но зад неа стои уште една долгогодишна врска со Антонија де ла Руа, за која долго време не се пишувало

Познатиот пар Шакира и Пике ставија крај на врската која траеше 12 години и во која добија два сина. На почетокот се чинеше дека ќе се разделат мирно, но наместо тоа следеа низа јавни скандали.

Првата вест која го шокираше светот е дека Пике ја изневерува Шакира со извесна Клара, со која сега ја официјализираше врската. Со години важеа за еден од најмирните и најубавите парови, но сите беа изненадени од фактот што не сакаа врската да ја крунисаат со брак.

Ова не е прв пат Шакира да мине низ јавно и бурно раскинување. Пред 12 години таа раскина со Антонијо де ла Руа, синот на аргентинскиот претседател Фернандо де ла Руа, со кој се забавуваше 11 години.


Тие стапија во врска во 2000 година, кога таа беше само на почетокот на нејзината американска кариера. Таа беше позната во родната Колумбија, бидејќи првиот албум го издаде на 14-годишна возраст.

Нивната врска изгледаше мирна, никогаш немаше поголеми скандали и се веруваше дека ќе се венчаат. Но, и тогаш не сакала да се потпише на хартија, мислела дека не им треба.

Сепак, само една година подоцна и двајцата дадоа официјално соопштение во кое открија дека се разделуваат. Во соопштението тие напишаа дека разделбата е „привремена“ и дека Де ла Руа ќе продолжи да се грижи за нејзините финансии. И тука настана проблемот.

Имено, иако раскинувањето беше опишано како привремено, нивната врска никогаш не беше обновена, а Антонио набрзо ја тужеше Шакира и побара неверојатни 250 милиони долари. Пејачката „одеднаш“ го раскинала деловниот договор што го имала со него, а синот на поранешниот претседател на Аргентина и адвокат се чувствувал како поранешната партнерка да му должи нешто. Две години подоцна оваа тужба беше отфрлена на суд.

Инаку, таткото на Антонијо, Фернандо де ла Руа, беше релативно кратко време на функцијата претседател на Аргентина - од декември 1999 година до декември 2001 година, кога поднесе официјална оставка во екот на економската криза, односно протестите што се појавија во одговор на тоа.

Фернандо потоа се повлече од политиката, но до крајот на животот во 2019 година се бореше со бројни судски случаи.

Фановите беа задоволни, бидејќи мислеа дека Антонијо е паразит. Сепак, некои веруваат дека таа го изневерила со Пике, со кого се запознала два месеци пред официјалното раскинување.

Секоја приказна има две страни. Се зборува дека Антонијо сакал да се забавува со разни жени, и дека имал паралелна врска шест години, но нема докази.

Извор: informer.rs