Тајната од фрижидерот: Еве како Шакира дознала за неверството на Пике

Сè што е скриено и покриено во врската излегува порано или подоцна, а тоа најчесто се случува поради нешто сосема тривијално. Тогаш женската интуиција почнува да ги средува парчињата од сложувалката, пристигнувајќи до вистината.

За пејачката Шакира вистината се криела во форма на тегла џем од јагоди во фрижидер дома. Џемот се јадел во нејзино отсуство, а џем од јагоди не сакал ниту нејзиниот сопруг Жерар Пике, ниту нивните деца. Така сфатила дека некој друг бил во нивниот семеен дом додека таа ја немало.

Претходно овој месец беше откриено дека новата љубов на Жерард, Клара Чиа, била снимена во семејната куќа на поранешната двојка пред нивното разделување.

View this post on Instagram

A post shared by Barcelona family (@barcelona._family)


Шакира веќе јасно стави до знаење дека преку нејзината музика планира да ја лечи траумата од раскинувањето со Пике. Во масовно популарната рап песна наречена „Bzrp Music Sessions, Vol. 53“, создадена со продуцентот Бизарап, Шакира ја истури болката, испраќајќи му јасна порака на нејзиниот поранешен - таа е подобра од неговата нова партнерка Клара Чиа и тој изгуби многу.

View this post on Instagram

A post shared by La Vision (@lavisionatl)


Излегува дека во спотот за песната „Te Felicito“, кој беше објавен во април 2022 година, пејачката навестува како го открила неверството на Пике. Во него ја гледаме Шакира како отвора фрижидер, а тука е отсечената глава на хуманоиден робот кој во клипот глуми нејзино момче.


Фото: Инстаграм/Youtube - screenshoot

Нов шамар за Пике и неговите родители: По вештерката на тераса, Шакира им приреди уште едно непријатно изненадување