Ја изневеруваше на секој чекор, а Шакира наместо одмазда му подари песна: „Да, текстот му е посветен нему“
Колумбиската пејачка Шакира призна дека стиховите на најзината популарна
песна ги посветила на својата
поранешна љубов, Жерар Пике.
По 12 години љубов, Шакира и Пике решија да ја прекинат врската. Целата приказна е проследена со бројни скандали, а наводно причината за нивната разделба е неверство.
Набрзо беше објавена веста дека фудбалерот ужива со новата девојка, студентката Клара Чиа Марта која има 23 години. Долго време се шпекулираше дека двајцата се во врска, додека неодамна се појавија фотографии на кои се гледа како разменуваат нежности.
Фудбалерот наводно ја изневерувал Шакира со неа, а покрај неа имал афера и со израелската манекенка Бар Рафаели.
„Бев тивка, бидејќи се обидував да обработам сè во мојата глава. Да, тешко е да се зборува за тоа, особено затоа што сè уште поминувам низ тоа и затоа што сум јавна личност, па нашата разделба не е како обична разделба. Тешко е, не само за мене, туку и за моите деца. Неверојатно е тешко. Се трудам да ги заштитам децата од се‘“, рекла таа.
„Понекогаш се надевам дека сето ова е само лош сон и дека некогаш ќе се разбудам. Но не, тоа е реално", заклучила пејачката.
Се шпекулираше дека Шакира му го посветила текстот на песната „Te felicito“ на Пике, а таа тоа го потврди во едно неодамнешно интервју.
„Да те направам цел, се распаднав на делови, бев предупредена, но не обратив внимание, не ми кажувај дека ти е жал, знам дека и ти лажеш...“ се стиховите на нејзината песна.