Шампањ, брод и уникатен поглед кон Будимпешта: Инфлуенсерката Софија Јанева со другарките славеше моминска вечер
Моминската вечер ја организирале нејзините другарки. Во брод кој плови на Дунав направиле забава со шампањ и уникатен поглед кон впечатливата градба во Будимпешта, Собранието.
„Бескрајно сум благодарна што ги имам најдобрите другарки на светот! Не можам да го замислам животот без вас! Вие сте мојот извор на среќа! Заедно создававме убави спомени и ги славевме своите победи. Патувавме на луди патувања и заедно чекориме низ животот. Се охрабрувавме една со друга да ги надминеме своите стравови и ги остваруваме своите соништа“, напиша Софија.
Софија за оваа забава избрала бел кус фустан со тул, како и вел со венче на кое пишува „невеста“.
Судејќи по фотографиите девојките уживале во моментот.
Софија се вери минатата година во јули, кога нејзиното момче на уникатен начин на видиковецот на Козјак ја побара за сопруга.
Фото: Инстаграм