Шампионите пристигнуваат! Стеван и Сретен ќе прават пренос од дочекот на Европските шампиони
Дочекот на ракометарите на Вардар во Скопје ќе оди во директен телевизиски пренос на „Арена Спорт“, телевизијата која оваа година ги имаше правата за емитување на натпреварите од Лигата на шампионите. Според најавата, директниот пренос ќе почне накај 19:30 часот.
Kако специјално изненадување од Македонски Телеком, со ракометарите пристигнуваат и Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ, коментаторите од Арена Спорт, кои заедно со сите нас навиваа од срце за Вардар!
„Нешто неверојатно, дали е ова можно, ова е бајка која сè уште трае“, беа само дел од зборовите на коментаторите на директниот пренос на финалето на Лигата на шампионите меѓу Вардар и Веспрем.
Вардарци во Келн допатуваа како аутсајдери, но уште еднаш докажаа дека се вистински херои и по вторпат во својата клупска историја го кренаа најпрестижниот ракометен клупски трофеј.
Се гледаме вeчерва на плоштад https://bit.ly/2HQIo6W #OдСрцеЗаВардар #telekom_mk