Здравје // Рецепти
Шарена туршија: Највкусната салата полна здравје и витамини! (РЕЦЕПТ)
Летото се приближува кон крајот, што значи дека е време да се подготвуваме за зимата
Во зима, имаме помалку овошје и зеленчук на располагање, а витамини и минерали ни се потребни во тој период дури и повеќе отколку во лето. Најдобар начин да ги зачувате е да направите зимници. Ви носиме рецепт за шарена зимска салата, убава и привлечна за очи, но и многу вкусна.
За да ја подготвите, ќе ви требаат:
-1 кг краставици
-1 кг моркови
-1/2 кг зелени домати
-1/2 кг зелени пиперки
-1 кг карфиол
-1 кг зелка
Прелив за салата:
• 750 мл алкохолен оцет • 250 гр шеќер • 150 гр сол • 250 мл вода • 1/2 литар масло • 1 кесичка бибер во зрна
Подготовка: Измијте го целиот зеленчук и исечете го на кругови, а зелката на тенки парчиња. Бланширајте го морковот малку (околу 5 минути), изладете го и исечете го на кругови. Во шерпата ставете вода, оцет, шеќер, сол, масло и бибер и варете на тивок оган додека не зоврие. Кога ќе зоврие, прелијте го зеленчукот што сте го ставиле во теглите.Салатата е подготвена за употреба следниот ден.
Пријатно!