Шест лица убиени во училиште во Белград: Ученик упаднал на час по историја и почнал да пука

Фото: Принтскрин Нова.рс

Момче (14) пукало во училиштето во Врачар „Владислав Рибникар“ и во таа прилика убило шест лица, меѓу кои и деца и чувар. Како што неофицијално дознаваме, момчето упаднало на час по историја и почнало да пука во учениците.

Три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника на улица Тришова, две се стабилни, додека едно дете е во критична состојба.

Според неофицијални информации, повеќе од десет ранети деца се пренесени во Ургентниот центар.

Според неофицијални информации, првиот ранет бил чуварот, кој набргу по пукањето починал.

„Нашиот омилен чувар Драган е убиен. Децата го сакаа, како и целиот тим“, вели потресената мајка на едно дете од училиштето.

За потсетување, осум екипи на итната помош во моментов се пред училиштето „Владислав Рибникар“ каде утрово се случи престрелка во која едно лице загина, а неколкумина се ранети.

Детали на фактор.мк