Шест неверојатни причини зошто е добро да се биде мајка

Добивај вести на Viber

Да се биде мајка е најубавата „работа“ на светот, а освен љубов и радост, мајчинството има уште некои предности за кои можеби не сте знаеле. Научниците истражуваа што носи мајчинството и во различни студии заклучија зошто е добро да се биде мајка. 

Помал ризик од развој на канцер 

Докажано е дека мајчинството ги намалува шансите за развој на повеќе видови карцином. „Cancer UK“ известува дека доењето го намалува ризикот од рак на дојка, веројатно затоа што ги менува ќелиите на дојката на жената што ги прави отпорни на болести.

Жената е посреќна кога пораснат децата 

Иако неколку студии покажале дека детето не мора неопходно да ве прави среќни, повторно во раните години на мајчинство, изгледа дека децата можат позитивно да влијаат на вашата благосостојба. 

Раѓањето на детето го подобрува памтењето 

Точно е дека бременоста остава многу негативни ефекти на телото, но изгледа дека раѓањето на деца донесува неверојатни предности, како што е зголемување на памтењето. Истражување во 2015-та открило дека бременоста ја зголемува количината на сива материја во мозокот која може да ја подобри меморијата. 

Се продолжува животниот век 

Изгледа дека раѓањето на децата помага да живеете подолго, но само ако добиете дете во „подоцнежна“ возраст. Или едноставно, жените имаат 11% поголеми шанси да живеат до 90-тите години, ако детето го родат после 24, велат научници од Универзитет по медицина во Сан Диего.  

Ризик од развој на дијабетес 

Но само ако доите. Според една студија во САД, изгледа дека мајките кои дојат во текот на шест месеци може да ги намалат своите шанси за развој на дијабетес тип 2 за значајни 47%. Хормоните кои се вклучени во лактација, исто така влијаат на ниво на инсулин. 

Добри навики 

По раѓањето на детето, многу жени јадат здрава храна, вежбаат, водат сметка за своето ментално здравје. Да не го спомнуваме фактот дека многу мајки го оставиле пушењето и пиеле многу помалку алкохол