(ФОТО Шест топ трендови од осумдесетите кои се пак во мода
Осумдесетите на голема врата се враќаат на модната сцена. Уште пред неколку месеци, познатите модни дизајнери низ своите ревии претставија нови колекции кои ќе бидат тренд во 2019 година.
Ова се топ трендовите кои ќе ги носиме оваа година.
1. Бициклистички
Верувале или не, ни се враќаат полуларните „бициклистички“ . Големата мода од осумдесетите ќе продолжи и годинава, па ќе носиме фустани инспирирани од тоа време со нагласени раменици.
2. Сите нијанси на крем
Неутралните нијанси, на чело со безвременската крем боја ќе бидат најбарани оваа сезона. „Фенди“, “Диор“, „Барбери“, „Шанел“, Стела Мекартни, нема модна куќа која оваа година на својата писта не лансираше крем комбинација од глава до петици.
3. Плисирано
Во 2019 година, плисирани нема да бидат само сукњите и фустаните, туку и јакните и кошулите, како што можевме да видиме во новоте колекции на Валентино и на Гучи. Овие модели ќе бидат и романтични и елегантни.
4. Блед тексас
Бледиот тексас кој ги одбележа осумдесетите се врати не само кај фармерките кои долго време беа моден хит. Ќе го носиме и во јакните, кошулите и тексас сукњите.
5. Змиски принт
Веќе на крајот од минатата година, се врати животинскиот принт, а доминираше леопард дезенот. Змискиот принт ќе се појавува најчесто кај фустаните, кожените пантолони и кај чизмите.
6. Реси
Разиграните реси се враќаат на голема врата. Класичниот каубојски детаљ годинава ќе го гледаме во сите можни детали, штиклите, фустаните, чантите.