Шетам низ парк и се вртам да не те сретнам случaјно: Тамара со емотивна посвета за Влатко

Добивај вести на Viber

„Така требало да биде“ е композицијата на Влатко Илиевски која Тамара Тодевска со емотивна порака ја сподели на социјалните мрежи.

- Еднаш ми рече дека оваа песна ти е за мене.  Дали ме лажеше за само убаво да ми направиш, не знам.  Дали стварно ти беше за мене, никогаш нема да дознаам. Едно сум сигурна. Толку ми фалиш Влатче. Секој ден сѐ повеќе. Шетам низ парк и се вртам наоколу да не те сретнам случајно. Чувствувам некоја празнина кога ќе се сетам на тебе.. Мислам дека ќе плачам секогаш кога ќе ми текне на тебе и така сѐ додека не се видиме на оној свет  - напиша меѓу другото таа.

Тамара и Влатко беа блиски пријатели и соработници. Заедно ја снимија баладата „Ајде гушни ме“ која и денес се врти по радиостаниците.