Шлаканици, бакнување со родениот брат, расизам, контроверзен стајлинг: Ова се најголемите скандали на Оскарите, за нив долго се зборуваше

Добивај вести на Viber

Уште малку и ќе започне 96-тото доделување на Оскарите кое ќе се одржи во денес и утре (понеделник) поточно на 10/11 март, а по повод филмскиот фестивал се потсетуваме на некои од најголемите скандали во историјата на Оскарите.

  • Актерот Марлон Брандо освои Оскар за улогата на Дон Корлеоне во култниот филм „Кум“ во 1973 година. Но тој одбил да излезе и да ја подигне наградата.
  • Френсис Форд Копола е познат како еден од големите режисери во Холивуд, но во 1980 година ја пропуштил наградата за најдобар режисер за еден од неговите најпознати филмови.


  • Црвениот тепих на Оскарите беше контроверзен во неколку наврати, но во далечната 1986 година, никогаш немаше поконтроверзен моден момент од кога Шер носеше креација од дизајнерот Боб Меки. Таа носеше црна облека која едвај и ги покриваше градите, а на главата носеше пердуви. Меки подоцна рече дека облеката е делумно чин на одмазда.

  • Холивудската актерка Анџелина Џоли освои Оскар за најдобра споредна женска улога во 2000 година, но нејзиното однесување со братот Џејмс Хевен на црвениот тепих беше она што го привлече вниманието. Анџелина му ја галела раката на својот брат, па дури и го бакнувала.

  • Во еден момент за време на Оскарите во 2022 година, Вил Смит излезе на сцената и му удри шлаканица на водителот Крис Рок. Реакцијата на актерот беше одговор на шегата на комичарот, која се однесуваше на избричената глава на сопругата на Смит, Џејда Пинкет Смит, која боледува од алопеција.

Инаку вечерашносто доделување на оскарите ќе се одржи во театарот Долби во Лос Анџелес. На сцената ќе се појават голем број познати влијателни имиња од светот на филмот.

Меѓу најавените домакини се: Махершала Али, Николас Кејџ, Метју Меконахи, Лупита Нионго, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Сем Роквел, Зендаја, Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Мајкл Китон, Реџина Кинг, Џенифер Лоренс, Кејт Ри Моренон, Џон Мулејни, Кетрин О’Хара, Октавија Спенсер, Реми Јусеф, Емили Блант, Синтија Ериво, Америка Ферера, Сали Филд, Рајан Гослинг, Аријана Гранде, Бен Кингсли, Мелиса Мекарти, Иса Реј, Тим Робинс, Стивен Спилрон, Форест Витакер …

Најголем број номинации имаат филмовите: „Опенхајмер“ – 13 номинации, „Сиромашни работи“ – 11 номинации, „Убијци на цветната месечина“ – 10 номинации, „Барби“ – осум номинации

Номинации за најдобар филм имаат: „Американска фикција“, „Анатомија на еден пад“, „Барби“, „Додржувачите“, „Убијци на цветната месечина“, „Маестро“, „Опенхајмер“, „Минатите животи“, „Сиромашните работи“, „Зона на интерес“

Номинации за најдобар режисер имаат: Џастин Трит – „Анатомија на падот“, Мартин Скорсезе – „Убијци на цветната месечина“, Кристофер Нолан – „Опенхајмер“, Јоргос Лантимос – „Сиромашните работи“, Џонатан Глејзер – „Зона на интерес“

Во категоријата за најдобар актер, номинации имаат: Бредли Купер, Колман Доминго, Пол Џамати, Килијан Марфи, Џефри Рај.

Додека пак номинирани за најдобра актерка се: Анет Бенинг, Лили Гладстон, Сандра Илер, Кери Малиган, Ема Стоун.

Номинирани за најдобра споредна машка улога се: Стерлинг К. Браун, Роберт де Ниро, Роберт Дауни Џуниор, Рајан Гослинг, Марк Руфало

За најдобра споредна женска улога пак, номинирани се: Емили Блант, Даниел Брукс, Америка Ферера, Џоди Фостер (Џоди), Да’Вајн Џој Рендолф

Номинирани па за најдобар странски филм се: „Друштво на снегот“ – Шпанија, „Зона на интерес“ – Велика Британија, „Салон на наставниците“ – Германија, „Јо Капитано“ – Италија, „Совршени денови“ – Јапонија

Фото:freepik