Шок: Докторот го испуштил бебето на подот, а потоа и дал ужасен коментар на мајката

Мајката била шокирана кога докторот и го спуштил бебето на подот, а потоа и кажал: „Во ред е, млада си, ќе имаш уште, добро си“.

Бременоста на Кристал Амеукита се чинеше сосема нормална додека во 21-та недела не се нашла во болнички кревет со страшни болки. Веднаш била префрлена во болница бидејќи не можела да ги поднесе болките во стомакот и бил повикан лекар.

Кристал напиша: „Ми кажа дека почнувам да се породувам. Водата што му требаше на моето бебе Иан за да преживее истекуваше. Тој рече дека грлото на матката ми се отворило и дека плацентата дошла во контакт со вагиналниот канал, што довело до инфекција. Бев на работ да се борам со инфекција и имав два избора. Првиотбеше да ја прекинам бременоста и второто, да го оставам телото да одлучи што треба да го направи. Срцето ми беше скршено, светот ми се сруши. Од возудата дека ќе имам бебе, до помислата дека ќе се вратам дома без него, изјавила несреќната девојка.

Кристал ја избрал втората опција. Таа продолжила: „Сè уште имав породилни болки коин стануваа се почести, па медицинската сестра ме праша дали сакам епидурална. По епидуралот дојде катетарот.

„Половина час откако ми го ставија катетерот, имав страшни болки. И реков на мојата медицинска сестра да го отстрани бидејќи ме боли. Беше изненадена затоа што не требаше да чувствувам ништо поради епидуралната. И тогаш нешто истече. Знаев дека се случува најлошото, го губев моето бебе, рече Кристал.

Медицинските сестри брзо ја преместиле Кристал во друг кревет каде што почнала да се пораѓа:

-Откако турнав два пати, ме прашаа дали сакам да го земам, но прво сакав да ја исфрлам плацентата, додаде таа.

Но,токму тогаш таа беше сведок на нешто што засекогаш ќе и остане во лошо сеќавање. Докторот го испуштил нејзиното малечко бебе на подот.

-Бев во шок, докторот го испушти мојот Иан на подот и само ми велеше: „Во ред е, млада си, ќе имаш уште деца, битно ти си добро“. Како можеше да ми каже дека сум добро кога го изгубив синот? Не можев да верувам што се случи.

Мајка ми рече дека мислела дека ќе го исфрли Иан со другото ѓубре поради начинот на кој докторот го третирал. Бидејќи беше толку мал, му се лизна од раце и падна“.

Иако Кристал не стигна да си оди дома со своето бебе, сепак можеше да го држи во раце:

-Кога го зедов во раце, се заљубив, беше совршено. Изгледаше исто како татко му. Имаше прекрасен мал нос и усни. Неговото тело беше долго и тенко. Тој е роден во 11:40 часот. Откако се роди, моето семејство влезе во собата. Бев во шок, плачев. Сакав само да го држам.

Таа додаде: „Никогаш нема да го заборавиме. Тој е засекогаш во нашите мисли и молитви. Тој е во моето срце и тоа многу ме теши“.

Иан, почивај во мир.