Што да преземете со вашата исхрана доколку сте дијагностицирани со дијабетес?

Добивај вести на Viber

Дијабетесот е во пораст насекаде во светот, вклучително и во нашата држава кадешто според последниот извештај на Институтот за јавно здравје регистрирани се 135690 случаи. Ова хронично метаболно заболување се карактеризира со зголемено ниво на шеќер во крвта.Најчесто се јавува кога панкреасот не може да произведе доволно инсулин и кога телото не може да го користи произведениот инсулин во организмот.

Кај лицата со дијабетес, исхраната е основниот темел за третман и контрола на нивото на гликоза во крвта. Исхраната е клучна и таа треба да биде здрава, урамнотежена и балансирана, да се состои од неколку оброци кои се подеднакво распоредени во текот на целиот ден. Со правилен сооднос на оброците што треба да вклучуваат оптимален внес на јагленихидрати, протеини, масти, витамини и минерали, дијабетичарите постигнуваат стабилност на шеќерот во крвта пред и по оброкот.

Доколку имате дијабетес и сакате да внесувате здрава храна којашто позитивно ќе влијае врз гликозата и истовремено ќе се грижи за дигестивното здравје, тогаш дефинитивно е препорачливо јогуртот да го вметнете во вашата редовна исхрана.Млечните производи се потребни и корисни за специфичната исхрана при дијабетес, но уште покорисна е функционалната храна како што е јогуртот со пробиотици Баланс+. Баланс+ е наменет за секого, вклучително и за лицата со дијабетес и тоа се должи на неговиот состав. Ги содржи двете најкорисни пробитоски културиLactobacillus acidophilus и Bifidobacteriumкои што имаат најсилно влијание врз метаболичките процеси,за апсорпција на хранливите материи и воопшто го штитат целиот дигестивен систем. Како поддршка на овие пробиотици, присутен во Баланс+ е и пребиотикот олигофруктоза, чија функција е да биде храна за пробиотиците и да го засилува нивното дејство.Со ваквиот состав, Баланс+ го подобрува метаболизмот, влијае на варењето на храната, но и на расположението и психичката состојба. И ваквите позитивни дејства врз здравјето го класифицираат Баланс+ како функционална храна, која што покрај хранлива вредност со составот придонесува и за здравјето. Овие дејства на Баланс+ се потврдени и со клиничка студија, со што е единствен клинички испитан јогурт на пазарот.

За придобивките од неговото консумирање кај дијабетичарите најдобро говори искуството и потребата на самите дијабетичари од Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија. „Баланс+ јогуртот е супер храна за сите дијабетичари. Богат е со пробиотици и пребиотици, витамини, калциум и протеини кои се важни за организмот кај лицата со дијабетес. Овој јогурт го регулира варењето на храната и ја помага работата на цревата. Функционалниот јогурт позитивно влијае врз здравствената состојба на дијабетичарите и токму поради тоа со Битолска млекара почнавме едукација на членството за правилни и балансирани оброци, зошто е потребно да се направи здрав и правилен режим на исхрана кој што ќе придонесе за нормализирање на гликозата во крвта. Баланс+ е соодветен избор за нас“, вели Димче Велев, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија.

Редовната и балансирана исхрана, физичката активност, употребата на инсулин или таблети како терапија обезбедуваат подобро здравје и секојдевна самоконтрола на шеќерот во крвта.