Што ќе каже Јелена? Новак се „допишуваше“ со атрактивна дама откако ја освои Аделаида

Добивај вести на Viber

Разменија пораки

Новак Ѓоковиќ го освои АТП турнирот во Аделаида откако во големото финале го совлада Американецот Себастијан Корда.

Недолго по натпреварот, Новак доби специјална честитка од неговата убава колешка Арина Сабаленка.

Белорусинката, со која Новак играше на неодамнешниот егзибициски турнир, ја освои и титулата во Аделаида.

Таа во финалето ја победи малку познатата Линда Носкова од Чешка.

Сабаленка преку Инстаграм му испрати мистериозна порака на Ѓоковиќ. 

- #Amazoniko #Ketchup - напиша белоруската тенисерка додавајќи го #ketchupTim, што се претпоставува дека е интерна шега поврзана со егзибицискиот турнир на кој настапија заедно со Григориј Димитров и Пол Бадос.

Ноле набрзо ѝ одговори на Сабаленка со рускиот збор „молодец“, што може да се преведе како „чест“.

Се надеваме дека сопругата на Ѓоковиќ, Јелена, нема да биде премногу љубоморна по оваа преписка меѓу Србинот и Белорусинката.


Фото: Инстаграм