ШТО ЌЕ ПРАВИ КЕЈТ МИДЛТОН НА ВЕНЧАВКАТА НА ХАРИ И МЕГАН: Која улога ќе ја добие по породувањето
Со оглед дека венчавката на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беше една од најспектакуларните венчавки на векот, несомнено е дека Кејт ќе ја советува идната етрва Меган Маркл во врска со најочекуванипот настан оваа година.
Кејт веројатно ќе внимава на децата
Но, Кејт која вчера се породи и на свет донесе момче, Меган и принцот Хари не сакаат да вршат притисок на неа задолжително да мора да биде на свадбата. Кејт најверојатно ќе внимава на децата бидејќи брачниот пар изразил желба момче да биде девер а девојче деверуша. Бидејќи истата улога ја имаа и на венчавката на сестрата на Кејт Пипа, знаат по нешто за тоа.
„На Хари и Меган им е доволно што Кејт ќе биде таму, со оглед дека нема да помине многу време од породувањето. Не сакаат да вршат притисок на неа, туку им е важно да ужива и да и биде убаво“, рекол извор за Vanity Fair.
Освен малата Шарлот, можно е пријателката на Меган Џесика Малрони исто така да биде деверуша, но Кенсингтонската палата не сака уште да открива многу детали во врска со венчавката.