Што правеше Меган Маркл на Денот на жената?

Добивај вести на Viber

Меган Маркл и принцот Хари денеска беа во посета на Бирмингем по повод Денот на жената, каде беа пречекани од  група луѓе во која имаше и мали деца. 

Хари го извлече малечкото девојче од толпата за да ја запознае со Меган Маркл, затоа што му довикнувала дека кога ќе порасне сака да биде актерка.

„Меган ми рече дека еден ден ќе ме гледа додека глумам на филмското платно“- рече девојчето. 

Софија Ричардс е  малото девојче кое ја имаше честа да биде прегрнато и охрабрено од Меган.