Што се случи со најниската жена во светот: Престана да расте на 5 години, многумина ја исмејуваа, а денес кога ја видат црвенеат од срам
Според Гинисовата книга на рекорди, Јоти Амге е најниската жена на светот. За неа се пишува со години, но каде е денес уникатната храбра девојка? Нејзината животна приказна е вистинска инспирација. Џоти Агме има 30 години, оваа славна Индијка со години работеше напорно на својата актерска кариера и покрај предрасудите на луѓето ги постигна своите животни амбиции.
Родена е на 16 декември 1993 година во Махараштра, Индија. Нејзината мајка тврди дека таа била со нормална големина при раѓањето и во раните детски години. Таа престанала да расте на петгодишна возраст, но продолжи да посетува редовно училиште. Нејзината големина не ја гледала како пречка, благодарение на непоколебливата поддршка од нејзиното семејство. Секогаш кога се заедно, нејзиното семејство обично ја носи за да може да го види светот од нивна гледна точка. Нејзината сестра и беше голема помош за време на студиите кои Јоти успешно ги завршила.
Што вели науката за растот на децата?
„Кога не беше толку позната, луѓето ја задеваа и ја исмејуваа, тогаш беше многу депресивна“, рекол нејзиниот татко. Лекарите првично мислеле дека причината за висината на оваа девојка е недостатокот на хормон за раст. Подоцна било утврдено дека нејзината состојба е предизвикана од ахондроплазија, форма на џуџест раст, пишува „Брајт Сајд“.
Кога наполнила 18 години, Гинисовата книга на рекорди ја прогласила за најниска жена на светот, поради што се чувствувала „посебна, важна и сакана“. Јоти Амге е многу популарна актерка во родната Индија, а станува се поуспешна и во Холивуд! Јоти е многу активна на Инстаграм каде има импресивни 1,1 милион следбеници.Само напред, храбра Јоти Амге !
ФОТО: Инстаграм