Што се случува во Сараево: Гаврани како од филмот „Птици“ окупираат територии

Добивај вести на Viber

На социјалните мрежи се прошири видеоснимка од необична сцена во Сараево.

Тиктокерката Адела сними многу гаврани кои ноќе се собираа во градот. „Не верувајте во убавите видеа, овие гаврани сепак ми ја одбележаа годината затоа што сè уште сонувам за нив“, напиша таа во описот на објавата.

Но, Ајла Алишах од Факултетот за ветеринарна медицина во Сараево тврди дека ваквите сцени воопшто не се невообичаени.

Постојат три можни причини, смета таа. Од една страна, во тоа време има помалку луѓе и автомобили, така што им е полесно да стигнат до изворите на храна. Друга можна причина е дружењето на врани, бидејќи сезоната на парење наскоро започнува, а овој метод е идеален за наоѓање партнер. Но, третата е таа што настана поради луѓето.

@adeladesign Ne vjerujte lijepim videima, ipak su mi ove vrane obiljezile godinu jer jos uvijek ih sanjam. #sarajevo #birds #creepy #fy #fyp #foryou #foryoupage #tiktok #tiktokbalkan #fypシ #video #viral Creepy Violins - Apollo Nove

Тоа е промена во самата животна средина, односно количината на достапна светлина, која кај сите суштества, а особено кај некои видови птици како домашната живина, доведува до фотостимулација, односно лажно продолжување на периодот на денот.

Причина за тоа, како што се претпоставува, би можело да биде силното улично и околно осветлување, т.н светлосно загадување, што прави птиците да се чувствуваат некако безбедно. Нивната територија е осветлена, како и изворите и достапноста на храната и со тоа тие не се чувствуваат загрозени од потенцијалните предатори“, изјави Ајла за Радио Сараево.