Што точно се случи со лицата на Мадона и Том Круз? Експертите ги објаснија екстремните промени

Дојдоа до слични заклучоци за изгледот на двете светски sвезди

Новите фотографии на Мадона и Том Круз доста ја шокираа јавноста, бидејќи нивните лица изгледаат значително поразлично од порано.

Судејќи според она што можеше да се види, ова се прекумерни интервенции. Меѓутоа, сега своето мислење го кажаа и експертите, врвен естетски експерт, д -р Ниал Раја, чии пациенти се бројни светски sвезди.

Таа за Дејли Меил го коментираше новиот изглед на Мадона од улиците на Њујорк, како и изгледот на Том кој беше фотографиран за време на снимањето на „Невозможна мисија 7“. 

- Се чини дека Том претерал со инјекции и полнила против брчки, што всушност негативно влијаеше на неговиот изглед. Без внимателно разгледување на структурата на лицето на пациентот, резултатот од постапката може да биде искривен и неприроден изглед на лицето - рече оваа дама. 

Хирургот Рос Пери се согласи со неа, сугерирајќи дека Том Круз, според многумина има вознемирувачки изглед, а тоа може да биде резултат на комбинација од прекумерна тежина и пречесто одење на третмани.

- Том на неговите последни фотографии изгледа значително поинаку, според мое мислење, тоа се должи на вишокот килограми и премногу филер. Образите изгледаат затегнати, но подуени. Всушност, изгледа дека неговите очи се многу помали и изгледа како верверица. Исто така, може да се види дека тој вбризгал ботокс во челото бидејќи неговиот тен е мазен, а, со оглед на неговата возраст, би рекол дека би очекувале повеќе знаци на стареење во форма на линии и брчки - рече тој.

Експертите донесоа слични заклучоци за Мадона. 

- Гледајќи го лицето на Мадона, на неа нема линии или брчки, така што дефинитивно можеме да кажеме дека користела многу ботокс, како и дека одлучила да ги крене веѓите или направила актуелен лифтинг на лицето. Не би ме изненадило да има блефаропластика на горниот очен капак - изјави Габриела Бирли, естетски експерт и хирург.


Фото: Профимедиа