Што значи името на третото дете на Кејт и Вилијам: Од каде Франција во целата приказна?
Пет дена по раѓањето на новиот британски принц, војвотката и војводата од Кембриџ го открија неговото име Луј Артур Чарлс.
Експертите за британското кралско семесјтво биле сигурни дека парот на третото дете ќе му дадат традиционално име, но никој не помислил дека инспирација ќе најдат во Франција.
Имено, Луј е едно од најпопуларните традицонални француски имиња и во историјата го носеле дури 18 француски кралеви. Со овој потег му оддале почит на Луј Маунтбатен, обожаваниот вујко и животен ментор на принцот Чарлс.
Маунтбатен во 1979 година загинал во атентат кој го извела ирската револуционерна воена организација ИРА.
Името Луј е француска кратенка од старото име на Клоодвиг, настанат од зборовите слава и војник. Името Луј затоа го носи значењето на „славен војник“ или „славен во војната“ зависно од интерпретацијата.
Артур е средното име на таткото на бебето, принцот Вилијам, а Чарлс е сосема јасен избор.