Си ја „предвиде“ смртта со морничаво видео – Ја оживеаа, па доби срцев удар: Мис Венецуела загина на 26 години

Добивај вести на Viber

Актуелната мис на Венецуела, Аријана Виера, загина во сообраќајна несреќа на 26-годишна возраст. Овој трагичен настан се случи во Орландо, Флорида во јули оваа година. Но светот се уште зборува за оваа убавица.

Таа требаше да ја претставува Венецуела на изборот за Мис Латинска Америка 2023 година во Доминиканската Република во октомври.

За жал, Аријана почина, а оваа трагична вест ја соопшти нејзината мајка Вивијан Очоа.

Мајката се сомнева дека нејзината ќерка заспала додека возела од замор и удрила во возилото пред неа.

Брзата помош брзо пристигнала на местото на несреќата и двапати се обидела да ја реанимира. Меѓутоа, починала на пат кон болница.

-Ја оживеаја и потоа доживеа срцев удар. Повторно ја оживеале, но починала кога ја однеле на трауматологија, пренесува „The Sun“.

Она што многумина ги шокираше е тоа што оваа девојка пред само неколку месеци објави чудно видео на кое како да ја предвидува својата смрт. Таа се снимаше за „нејзиниот погреб“.

-Се снимам за идниот погреб затоа што на видеата секогаш сум јас, никој друг не го прави тоа - напиша таа под видеото кое го објави на социјалните мрежи.

View this post on Instagram

A post shared by Ariana Valentina (@arianaviera__)




Фото:youtube/screenshot