Силк Роуд Банка со нова донација на Клиниката за детски болести
Силк Роуд Банка АД Скопје ја предаде и петтата донација на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје што произлезе од потпишаниот меморандум за соработкаво 2018 година, со кој Банката прерасна во долгорочен партнер на Клиниката.
Оваа донација се состои од набавка на шест болнички кревети со душек и натказна , со цел опремување на реновиран оддел на Клиниката. Средствата за набавка на донацијата согласно со проектот „Наша донација со секоја трансакција“ во износ од 283.020,00 денари, се обезбедени на начин што со секоја трансакција со American Express картичките на Силк Роуд Банка, Банката одвојува по пет денари за потребите на Клиниката. За таа цел, Банката со атрактивната Твој бонус програма за поврат на средства, постојано ги мотивира клиентите да бидат дел од овој проект на начин што се повеќе ќе ги користат во трговија Амекс картичките.
При предавањето на донацијата во просториите на Kлиниката, од страна на Банката беа присутни г-дин Игор Димитров, Претседател на Управниот одбориг-дин Благоја Спасовски, Директор на Службата за картички . Г-динот Димитров истакна дека , Банката како општествено одговорна компанија и во наредниот период останува долгорочен партнер на Клиниката, се со цел, подобрување на условите за престој на дечињата во истата.
Реaлизацијата на донацијата од Силк Роуд Банка ја поздрави и директорот на Универзитетската клиника за детски болести проф. д-р Аспазија Софијанова,која изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во 2022 година согласно со потпишаниот меморандум за соработка.
„Наша донација со секоја трансакција“ е општествено одговорен проект на Силк Роуд Банка и Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, започнат во 2018 година. Од започнувањето на оваа соработка до сега, Банката има донирано комплет постелнини , инхалатори и аспиратори за секое одделение, како и комплет болнички кревети , односно материјални средства во висина од над 15.000 евра за потребите на Клиниката.