Силвија 8 дена била во кома поради градник: Ја нападнала бакерија „која јаде месо“, едвај преживеала
Силвија била во кома осум дена и сето тоа поради градникот
Силвија Халкроу (53) паднала во осумдневна кома откако смртоносната бактерија што јаде месо и ткиво и ги нападна нејзините гради. Работата да биде уште полоша, таа смета дека е виновен држачот на градникот, поточно металната жица кој се наоѓа во него.
Таа верува дека металот во жица на нејзиниот градник предизвикал повреда која се развила во опасна бактериска инфекција - некротизирачки фасциитис. Некрозата на сврзната мембрана е сериозна бактериска инфекција на меките ткива која кај народот е позната како „болест што јаде месо“, пишува британски Мирор.
Силвија се сеќава дека лекарите со денови правеле тестови за апсцес на десната града. На крајот ѝ била дијагностицирана болеста и ѝ било кажано дека нејзините органи почнале да се исклучуваат. Веднаш ѝ била закажана итна операција. По операцијата, таа паднала во кома и се разбудила осум дена подоцна со отстранет дел од градите и лузна од 38 сантиметри која течела од ребрата до под раката.
„Бев блиску до тоа воопшто да не го преживеам, па навистина сум многу благодарна. Страшно е да се мисли дека жицата за градник го предизвика ова. Сега се префрлив на друг тип на градник, без жици, за секој случај. Тешко ми е да ги скротам градите сега, не секогаш изгледаат многу убаво, особено во летните фустани", истакнува таа .
По три недели во болница, на Силвија конечно ѝ било дозволено да си оди дома. Таа се вратила на работа четири месеци подоцна.
foto: ilustracija