Силвија Стојановска итно хоспитализирана, за влакно избегнала операција
Актерката Силвија Стојановска која е една година во домашен притвор, вчера била итно хоспитализирана поради комликации со абдоменот. Семејството на Стојановска ја потврди информацијата за „Женски магазин“.
Најблиските на актерката велат дека таа за влакно изгегнала операција и во моментов нејзината состојба е подобрена. Точно пред една година, Стојановска беше приведена, поради сомнеж дека била дел од мрежа за шверц со дрога. Актерката и нејзиниот сопруг Војислав Будисављевиќ беа изнесени пред судија на претходна постапка во Основниот кривичниот суд и за нив се бараше мерка притвор од страна на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
„Мислам дека се работи за недоразбирање. Не знам со кој памет медиумите објавуваат. Чекам да ја пуштат мајка ми, па да ми каже што се случило“, изјави за Женски магазин нејзината ќерка Јана тогаш.
Минатата година, во септември, Јана, која е исто така позната актерка, го роди синот Ненад, во Букурешт каде што тогаш живееше поради ангажманот на сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ.
„Силвија и Ненад се видоа за прв пат во Букурешт и тоа беше љубов на прв поглед. Имам сериозен проблем да го оставам , го носам секаде со мене, секаде каде што можам. Кога не можам, го чува баба му со неизмерна љубов“, изјави во февруари Јана за Женски магазин. Поради здравствените проблеми на Силвија, судското рочиште кое што требаше да се одржи утре е одложено.
М.Џаровска
Фото: Јутјуб принтскрин