Симптом на рак на дојка можеме да воочиме при користење дезодоранс: Лекарите открија за што се работи

Добивај вести на Viber

Знаеме дека грутка на дојката обично е еден од симптомите поради кои жените се сомневаат во рак, има уште еден предупредувачки знак

„Хрватскиот завод за јавно здравје“ пишува дека ракот на дојката е одговорен за 25 отсто од сите малигни заболувања кај жените. Иако може да се појави на која било возраст, дури и кај многу млади жени, над 80 проценти од новите случаи се постари од 50 години. Како и кај секој карцином, неопходно е да се реагира на ракот на дојката веднаш штом ќе се појават првите симптоми.

Иако грутка на градите обично е еден од симптомите поради кои жените се сомневаат во рак на дојка, постои уште еден предупредувачки знак кој се јавува на самиот почеток, пренесува „The Sun“.

Како што објаснуваат лекарите, жените најчесто го забележуваат кога ставаат дезодоранс, а тоа е оток или болка под пазувите.

Ова се случува затоа што ткивото на дојката понекогаш достигнува сè до пределот на пазувите. Грутката од која страдаат жените под пазувите всушност може да биде грутка во дојката, а може да значи и дека ракот на дојката веќе почнал да се шири на лимфните јазли во нашата пазува.

Други невообичаени показатели за рак на дојка вклучуваат силни главоболки, сува кашлица и неочекувано слабеење, пренесува Avaz.ba.


фото; фрипик