Сине, никогаш не направив ниту една домашна задача наместо тебе, знаеш ли зошто?

фото:pixabay.com

Александра Прица има син што го роди пред 21 година. Таа беше многу, многу строга мајка цел живот. И сега реши да му објасни на своето веќе пораснато дете зошто е така. 

Ви го пренесуваме емотивното и поучно писмо до нејзиниот син:

„Гледај, синко! Морам да ти го кажам ова. Мислам дека сега е вистинско време, да не речам: „Крајно време е“. Морам да напишам, затоа што честопати влегува во едното уво, излегува од другото. Не ги врткај очите, ако не можеш да прочиташ сега - не мора! Остави го некаде, ќе ти треба еден ден, тоа е сигурно.

Знаеш какви беа времињата кога се роди?Не е дека не се плашев од иднината, бев млада, со диплома, без работа. Немав дилема дали да те родам, ниту една минута. Само ми беше жал што не беше можно да те прашам дали ти тоа го сакаш. Тоа би било навистина фер, иако не е можно.. Бидејќи тоа беше моја желба и одлука, не ми должиш ништо. Така се наместија картите тогаш. Ти стана мојот син и јас твоја мајка.

Веројатно ти било жал понекогаш што не бев мајка, како другите мајки. Знаеш, тоа, да дозволувам сè и сè јас да правам, затоа што ти си мало дете. Гледаш, не бев таква, баш за да не ти биде жал што ми падна во рацете за прв пат, пред 21 година, токму мене. Затоа ги менувавме улогите во играта. Јас бев Никола, ти беше мајка. Така можев да видам како гледаш на мене. Хахаха, тоа беше една од нашите омилени игри.

Морам да ти кажам, воопшто не жалам што не нацртав ниту еден цртеж за тебе, ниту еден состав и не решив ни еден математички проблем. Само ти помагав да разбереш, да размислиш и на крајот - да одлучиш сам. Прво, да се разбере чија задача е. Второ, да разбереш дека немаш талент за сè и дека и ти, како и секој друг на овој свет, не сте талентирани за сè. Дека во животот не треба да го правиш она што не ти се допаѓа. Трето, да пронајдеш за што си способен и што сакаш да правиш. Четврто, да не би се случило да се украсуваш со туѓи пердуви.

Кога те родив, здраво и исправно, грев би било да те уништам. Поради тоа, јас дури и не сакав да ги оправдам твоите неоправдани отсуства. Да те научам дека одговорноста не може да се избегне. Единствено може да се бега од обврските, но не и да се побегне. 

Знаеш кога сфатив дека бев на добар пат ? Дека правам нешто суштински добро? Денот кога за прв пат ме праша за пари за два сладоледи. На моето прашање: - Што ти требаат два сладоледи одеднаш? - Ти одговори: - Да купам и на мојот пријател. Не можам да јадам, а тој да гледа. - Ме направи тогаш многу среќен. Ова беше првиот сигурен знак дека треба да продолжам во иста насока, со иста сила.

Сега си голем и треба да знаеш дека мајка ти не те тапкала по рамо, само за да не тапкаш ти во место. Не сакав да го живееш мојот живот, затоа што те родив да си го живееш својот. Верувам дека е покорисно да не ве спречуваат да паднете, отколку да ве научат како да се дочекате ако паднете. И што е најважно, како да станете. Затоа, верувај ми, ќе ми беше полесно ако ги завршив сите твои домашни задачи, цртежи, композиции. 

И што е најважно! Не се жртвував себеси за тебе, но се посветив. Ако некој некогаш ти каже да се жртвува за вас или за тебе, обично следува некаква емотивна уцена. Биди внимателен. Покрај математиката, постојат и некои други аксиоми. Во животот. На пример, тоа е љубовта на мајката. Таа не се докажува. Затоа, излишно е да се зборува за љубовта. Затоа, синко, никогаш не зборувам за неа. Јас секогаш стојам на трибините на твојот живот, и кога ме гледаш и кога не ме гледаш. И кога се празни, имаш еден сигурен обожавател. Затоа, оди напред. Не обрнувај внимание на мене. Нема потреба, затоа што - јас сум тука!

Ајде сега. Главата горе и трчај. Бегај, синко, бегај… “

Извор: Александра Прица