Синот на Амди Бајрам доби внука: Бебето доби име со специјално значење

Добивај вести на Viber

Претседателот на Унијата на Ромите и син на познатиот  македонски пратеник Амди Бајрам, Габриел Бајрам, по втор пат стана дедо

Неговиот син Валентин Бајрам со сопругата Деби, добија девојче на кое му го дадоа името Ана.

По тој повод Габриел се огласи на социјалните мрежи и напиша:

„Денес на мојата среќа и нема крај. Се чувствувам како птица која лета низ небото во бесконечноста. Енергијата која ја добив денес, ќе ми даде сила да продолжам да се борам. Добив светлина како Сонце, која ќе ми го осветлува патот каде и да одам. Добив внука од мојот син Валентин, нека и жива и здрава. Не постои реченица која може да ја опише денешната радост и среќа.

„Сине Валентин нека ти е жива и здрава керќичката Ана, невесто Деби, ти благодарам што денес ме усреќи и исполни со радост. Господ е Голем и прави чуда. Милионите, моќта и имотот не го прави човекот богат.

„Богат е оној човек кој е најсреќен и има пород позади себе. Дури сега знам дека сум богат“.


Инаку името Ана потекнува од името Ханна. Потеклото на името е Еврејско. Дамите по име Ана се импулсивни, уникатни, енергични, но исто така тие се цврсти и одлучни. Името Ана значи благодат, милост, благонаклонетост, Бог ми укажа милост.

Честитки за внуката добија и од познатиот пејач Адил Максутовиќ, кој им пееше на свадбата во септемви минатата година.

Габриел ја има и внуката Лаура која што ја доби од ќерката Перијан во 2021 година и со која често може да го видиме на социјалните мрежи.