СИНОТ НА ДАНИ, РЕЧИСИ ПОЛНОЛЕТЕН: Го карам Лазар кога ми ја зима гитарата
Рокерка во душата и позната по оригиналниот имиџ на сцената и приватно, Дани Димитровска е горда мајка на Лазар кој следниот месец ќе стане полнолетен.
Дани која инаку ретко објавува слики со синот, на својот инстаграм профил сподели дел од моментите со него.
„ Син ми има речиси 18 години. Игра кошарка, добар е со електронски уреди и се труди да свири гитара. На мојата. Не сака своја. Убаво ми е така иако го карам што ја зима. Разговор помеѓу умот и срцето“, раскажа Дани за синот во претходно интервју. На манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“ во февруари, на која доби три награди, Дани дојде во придружба на синот.
Пејачката е внимателна со зборови и кога се во прашање одговорите за љубовниот живот.
„ Ниту сум таинствена, ниту внимателна. Ни порано, ни сега. Тоа во домашен разговор се нарекува криење. А криење и љубов не одат во иста реченица. Едноставно одбивам да раскажувам нешто што е природно и од интимен карактер. Се чувствувам како да нема инспиративни теми поради кои постоиме на сценава. Музичкава сцена, таа е за истакнување, љубовнава ради сеири и читаност е секогаш на врвот, не ѝ треба билдање. За љубов не треба најава со сензационален наслов. Едноставно се случува и фала богу што е така. Нека живее“, изјави Дани за Женски магазин.
Пејачката во моментов е летување со синот. „Сонце во очи, срцево полно е“, го опиша таа одморот со стихови нејзина песна, од Скопскиот фестивал во 2013 година.