Сирена каква би посакал секој маж: Актерот и водител Маца ужива во Бали со 20 години помладата сопруга Јована
Драган Маринковиќ Маца е едно од најпознатите српски лица на телевизиите во Србија.
Харизматичниот актер и водител деновиве ужива со неговата помлада сопруга во Бали, каде вчера се славеше Нова година.
Маца е во брак со Јована веќе 8 години, а нивната љубов е посилна од се, и покрај тоа што се соочија со загубата на тројката бебиња.
Јована е фризерка по професија и скоро две децении е помлада од Маца. Сите коментираат дека таа успеа да го натера комичарот да застане повторно пред матичар за само неколку месеци по разводот од неговата последна сопруга, иако тој вети дека никогаш повеќе нема да го стори тоа.
„Секоја година посакувам бебе. Моите деца пораснаа и јас би сакала да нишкам. Јована сака да се исполни како мајка, одлична е со децата и ја сакаат. Којзнае зошто се случија некои грди работи. Никогаш нема доволно деца“, вели Маца.
„Јас излегов во јавност со тоа само од една причина - затоа што тоа е чума. Кога ни се случи, дознав дека стотици луѓе околу мене минуваат низ истото. Ако е тоа така, ако зборуваме за бела чума ајде да направиме нешто пошто проблемот очигледно постои. Не знам што е причината живееме во турбулентни времиња ама страшно е. Знам како влијае на човек, како ме погоди мене а особено Јована. Бог никому да не дава такво искуство. Нам мажите ни е тешко, но не можеме ни да замислиме како е на жена која поминува низ тоа. Посебно оние кои го доживуваат неколку пати, а ги има многу. Затоа апелирам до луѓето кои треба да се справат со тоа, за да не биде само мртва буква на хартија или збор изговорен залудно“, изјави тој еднаш за Hello“ кога објасни зошто се откажал од посвојувањето.
И покрај се, Маца и Јована знаат да уживаат и да му се насладуваат на животот во секој миг.
Од профилите на социјалните мрежи забележуваме дека често патуваат.
ФОТО: Инстаграм