Систина Офталмологија во партнерство со дијабетичарите во борбата за видот

Добивај вести на Viber

„Во нашиот фокус се и остануваат пациентите . Преку едукативни активности и превентивни методи , сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес “ ,  изјави Златко Арнаудовски .

Систина Офталмологија, во партнерство со Сојузот на Здруженија на дијабетичари,  ќе развие програма за едукација и превенција на очни болести кај пациентите,  кои имаат дијабетес . Првата очна болница во Македонија, за потребите на проектот, на располагање ја става комплетната медицинска експертиза, со цел да се подобри  лекувањето и да се зголемат позитивните искуства,  на пациентите со дијабетес. 

 

„ Нашата болница, преку трајни партнерства, создава вредности за сите во општеството. Такво партнерство,  сега развивме со Сојузот на Здруженија на дијабетичари , со кои што потпишавме меморандум за соработка.  Во нашиот фокус се и остануваат пациентите. Преку едукативни активности и превентивни методи, сакаме да ја кренеме свеста за потребата од редовни офталмолошки прегледи кај пациентите со дијабетес.  Во спротивно,  може да дојде до сериозни медицински компликации , предизвикани од болеста“, изјави медицинскиот директор на Систина Офталмологија, д-р Златко Арнаудовски.

„Систина Офталмологија“ е единствена очна болница со 4 дијагностички центри во Скопје, Битола, Гостивар, Тетово и Штип. Дијагностички и хируршки,  повеќе од 12 години , им излегува во пресрет на сите пациенти, на кои што им е потребна офталмолошка грижа. 

Заедно со хрватскиот партнер  „Свејтлост “,  имаат повеќе од педесет врвни офталмолози, 140 илјади успешни интервенции  и 400 илјади задоволни пациенти.


*Пр објава