Сите беа вљубени во неа, а срцето ѝ го освои овој маж: Како изгледаат сопугот и ќерката на Аница Добра

Актерката Аница Добра од почетокот на својата кариера плени со убавината и важи за секс симбол на Балканот. Иако многумина беа вљубени во неа, пред повеќе од 20 години, срцето ѝ го освои Миодраг Миќа Совртиќ, бизнисмен и долгогодишен претседател на фудбалскиот клуб „Дорќол“ од Белград.

Ќерката и сопругот на Аница.- Миодраг и Мина 

Нивниот брак е мистерија, затоа што Аница никогаш не сакала да зборува за приватниот живот во јавноста, а на градските настани никогаш не се појавуваат заедно.

Многумина до скоро не знаеја како изгледа сопругот на актерката, а за тоа како се запознале исто така ништо не се знае, со оглед на тоа дека Аница, во периодот кога се омажи, главно снимаше во странство, па така сочува голем дел од својата приватност. 

Мина, ќерката на Аница Добра е исто така актерка

Фото: Дамир Дервишагиќ

Аница и Миодграг ја имаат ќерката Мина, која тргна по стапките на мајка си, и таа е актерка. Мина на Инстаграм, објави фотографија си татко ѝ, која ја пренесоа српските медиуми.