Сите детали од свршувачката на Сергеј Трифуновиќ и 15 години помладата Исидора: Ѝ приреди изненадување за роденден, планираат и свадба
Актерот Сергеј Трифуновиќ (51) се сврши со својата партнерка Исидора Мијановиќ, која е повеќе од 15 години помлада од него.
Се се случило на нејзиниот роденден, а како што открива извор за „Блиц“ планираат свадба.
- Сергеј до сега го криеше својот приватен живот од очите на јавноста, ова навистина ги изненади сите. Често патува со неа, обожаваат да одат на Тара со неговото куче, таму пронашле оазата на мирот - вели изворот, наведувајќи дека Сергеј решил да се ожени со својата избраничка.
- Се се случи многу брзо, таа вчера го прослави роденденот и се вери во ресторан каде ги собра своите најблиски пријатели. Сите се пресреќни, двајцата се заљубени и блескаат од среќа. Секако дека планираат брак, но потоа, не им се брза – вели за „Блиц“ извор близок на парот, нагласувајќи дека таа е многу помлада од него.
- Исидора е повеќе од 15 години помлада од него, но тоа не им пречи. Тие се сакаат, а разликата во години не им значи ништо – заклучил изворот.
Исидора го покажа прстенот на социјалните мрежи
Исидора на интернет го покажа свршеничкиот прстен.
„Време е да објавам дека се мажам“ – напишала атрактивната Исидора која го освоила срцето на Сергеј.
Која е убавата Исидора која го освои срцето на Сергеј?
На профилот на Исидора на Инстаграм пишува дека таа се занимава со продукциска работа.
На споменатата социјална мрежа ја следат повеќе од 12.000 луѓе, а од нејзините објави се гледа дека е вљубеник во природата, патувањата и модата.
Исто така, Исидора е љубител на животни, а кога е со Сергеј на планина друштво им прави неговото куче.
Прекрасната русокоса никого не остава рамнодушен, а се пишуваше дека е во врска со поранешниот свекор на пејачката Теодора Џехверовиќ, кошаркарот Нино Челебиќ.
Фото: Инстаграм
Извор: Blic.rs