Сите полудеа по омилениот рецепт нa Меган Маркл: Вкусна и лесна торта со банана и чоколадо
Војвотката од Сасекс е
огромна обожавателка на слатки и откри како го прави еден од
нејзините омилени рецепти, омилен му е и на
принцот Хари
За време на пандемијата, многумина од нас научија да готват како вистински професионалци и веќе совладаа десетина интересни и вкусни рецепти.
Тешко дека некој ќе го оспори фактот дека десертите најмногу ги привлекуваат сите, и кој не сака да јаде нешто слатко, без оглед на возраста. Ова е токму позицијата на војвотката од Сасекс Меган Маркл, која може да се пофали со страст за готвење на слатки.
Сопругата на принцот Хари реши да им покаже на обожавателите, пријателите и следбениците еден од нејзините омилени рецепти презентирајќи го на нејзиниот личен блог. Маркл е популарна не само со нејзината кариера како актерка и бракот со британскиот принц, туку и со нејзините кујнски вештини.
Нејзиниот омилен рецет е вкусна торта од банана и чоколадо.
Потребни намирници:
- 2 банани
- 150 гр. брашно
- 2 јајца
- 150 гр. путер
- 100 гр. шеќер во прав
- 60 гр. ѓумбир
- 50 гр. чоколадни топчиња или мрвици
- прашок за пециво
Начин на подготовка:
Матете ги путерот и шеќерот во прав со блендер додека не се изедначат и станат хомогени. Потоа додадете ги јајцата и брашно и продолжете да матите.
Излупете ги бананите, игмечете ги и исцедете го сокот.
Ѓумбирот изрендајте го на ситно ренде и додадете го во бананата. Додадете го прашокот за пециво и чоколадните топчиња, а потоа додадете ја изматената мешавина од путер и шеќер во прав.
Ставете ја добиената мешавина во подготвен сад за печење и ставете ја во загреана рерна на 180 степени за 25-30 минути.
Сервирајте по ваша желба.
Бон апетит!
Можеби ќе ве интересира:
(РЕЦЕПТ) Поховани банани: Совршен десерт готов за 15 минути!