Грозно: Свекрвата состави листа како да ја направи снаата „подобра жена“
Една жена решила на социјалните мрежи да сподели список со „како да се биде добра сопруга“ што наводно го напишала нејзината свекрва.
Многумина беа воодушевени од списокот, кој вклучуваше правење појадок и чистење на целата куќа, одење во теретана секој ден и секогаш насмеана поддршка за да биде среќен сопругот.
Списокот што го напишала нејзината свекрва е насловен „Дневната рутина на Лиза за да стане подобра сопруга“, а започнува со тоа што Лиза се буди во пет часот наутро за да почне да подготвува појадок, кој секогаш треба да вклучува јајца, тост, сланина и свежо сварено кафе. Сето тоа треба да биде готово на маса до шест и пол. Следна на листата е појаднок салата најдоцна до 7 часот за да ја одржи формата, стои во списокот.
Треба да му бидеш на располагање на сопругот
Од 7:30 до 9:30 часот, жената треба да ја исчисти целата куќа, вклучувајќи правосмукалка, бришење прашина и бришење на подот. „Облеките мора да се перат секој ден и да се средат до 10 часот наутро“. Откако ќе заврши чистењето, Лиза треба да му подготви ручек на сопругот, ако е дома, во спротивно треба да го подготви претходната вечер.
„Вечерата треба да биде на маса најдоцна до 18.30 часот, а треба да вклучува свеж, домашен оброк секој ден. Не е дозволено нарачување храна!“, продолжува списокот. Таа, исто така, се очекува да биде на располагање на нејзиниот сопруг и сите гости што тој ќе ги покани за да може да им донесе пијалаци и домашни закуски.
Без разлика дали има нешто што треба да направи, на списокот стои дека куќата треба да биде мирна до 21 часот, за да има време да се опушти по стресниот ден. Откако ќе заврши, на Лиза и е дозволено да легне до 22 часот за да може да се одмори за уште еден почеток во раните утрински часови. Но, ова е можно само ако куќата е чиста и ручекот е подготвен.
„Насмевнете се и давајте поддршка без разлика колку сте уморни затоа што добрата сопруга одржува домаќинство без стрес!“, стои на крајот од списокот со задачи.
Некои ја критикуваа, а други ја поддржаа
Многумина кои ја прочитале оваа листа ја карактеризираат како да е напишана во 1950-тите и воопшто не им се допаѓала на повеќето луѓе.
„Ова е лудо. За малку не можев да дишам од смеење, Боже мој“, „Да сакав вака уреден живот, ќе останев во затвор“, „За неколку месеци ќе прославам 28 години брак. Направете го ова од љубов, а не од обврска. Ако не ги правите овие работи, не значи дека сте „лоша“ жена“, се само дел од коментарите.
Од друга страна, имаше и такви кои не видоа ништо лошо во ова.
Не гледам проблем во тоа, очигледно ова е добар распоред за сопруга која останува дома. Да работеше, обврските ќе беа напишани според нејзиниот распоред. Ако сум постојано дома, а маж ми работи и ги плаќа сите сметки, сето тоа го правам“, коментира еден корисник.
„Се чини дека Лиза има лесен живот ако не е вклучена грижата за децата“. Искрено, можев да ги правам сите овие работи доколку времето од 6 до 9 часот, од 12 до 15 часот и од 19 до 23 часот не ми беше резервирано за деца и работа“, заклучи друг.
Фото:Фрипик