СИТЕ СРЦА БИЕЈА ЗА ИСТА ЦЕЛ – ДА БИДАТ ПРВИ ДО ВРВОТ
Различни спортски предизвици, многу срца – иста цел, да се стигне прв до врвот!
На 21 мај годинава, планината Водно беше збиралиште на повеќе од 3.600 учесници во трката „ПРВ ДО ВРВ“што годинава премина под целосно спонзорство на Шпаркасе Банка, преку платформата Sparkasse LIFE.
Велосипедисти, планинари и рекреативци, професионални спортисти на трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и возачи на електрични велосипеди се бореа за престижниот планински врв и на дело покажаа вистински спортски, но и натпреварувачки дух.
Настанот секоја година става акцент на зачувувањето на животната средина, а освен натпреварувачки, има и забавен карактер, за што се погрижи бенд во живо на самиот врв. Таму, секако беа претставници од Шпаркасе Банка да поделат здрави енергетски барови како и свежо цедени сокови за натпреварувачите, а не изостанаа ниту вкусни сендвичи.
Впечатоците на сите учесници на манифестацијата беа позитивни, тие изразија задоволство од организацијата како и ентузијазам за она што ќе следува догодина во рамките на овој настан. Шпаркасе Банка продолжува да поддржува иновативни проекти, поединци и групи што ја движат заедницата напред и стануваат заштитен знак на градот.
Видеото може да го погледнете на овој линк.