Сите трендови во еден стајлинг: Модни парчиња што ви требаат сезонава!
Секое појавување на манекенката Роузи Хантингтон-Вајтли
станува вистински пример за девојките
од целиот свет
Во петокот таа присуствуваше на настанот „Bottega Veneta“ во Лондон во елегантен изглед што може да биде ваша инспирација за вечерен аутфит. Роузи Хантингтон-Вајтли ја одбра најтренди облеката за оваа есен - долг капут во беж боја.
Остатокот од облеката што Роузи го носеше беше во црна боја - долги панталони со шлицови на долниот дел од ногавиците и елегантна ролка, кои му дават на целиот нејзин стајлинг елегантна нота.
Изгледот на Роузи Хантингтон-Вајт беше совршено надополнет со сандали со квадратен врв и црна кожна торба со масивен ланец, кој е тренд број еден сезонава.
Поранешниот модел на Викторија Сикрет не заборави на додатоците: златните прстени и ѓердани кои ја направија облеката уште пософистицирана.
Како ви се допаѓа ова издание на познатата манекенка?
Фото: Profimedia
Moжеби ќе ве интересира:
За топли тренди денови: 8 работи кои секоја модерна жена мора да ги има оваа есен