„Сите заедно успеавме кога борбата за здравјето беше најтешка“: Малиот Дамјан од Гевгелија кој беше на лекување во Турција е дома

Добивај вести на Viber

3 годишниот Дамјан Хаџи Николов од Гевгелија за кој се сплоти цела земја, а на кој му требаше лекување во Турција поради трансплантација на матични клетки веќе е дома.

Оваа информација е споделена на социјалните мрежи со фотографии од малиот Дамјан на кои тој се гледа дека е среќен дома.

„Кога борбата беше најтешка, сите заедно бевме за Дамјан ! И ДА, успеавме, ДАМЈАН Е ДОМА“, стои во постот на Фејсбук.




Родителите на Дамјан не беа во можност да го продолжат неговиот третман поради финансиски причини и износ од 60 000 евра кој мораше да биде подмирен во болницата Аџибадем во Истанбул, па тогаш замолуваа за помош за Дамјан безгрижно да продолжи со своето детство.

Му посакуваме безгрижно и среќно да расте.


ФОТО: Фејсбук