Сите „Злобница“ ја памтат како фатална заводничка, а сега се фаќаат за глава кога ја видат: Еве што ѝ направија естетските интервенции (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Естетските корекции не беа многу мудра одлука во нејзиниот случај!

Актерката Габријела Спаниќ остана запаметена по бројните улоги во теленовели, а особено по улогата во серијата „Злобница“. Најголемата слава Габриела ја стекна во деведесеттите, кога важеше за една од најперспективните и најубавите актерки.


Сепак, годините поминаа, а Спаниќ изгледа не можела да одолее на бројните естетски корекции, што се гледа и од новите фотографии на нејзиниот профил.


Габриела има 49 години, а прерано посегнува по методите против стареење, па често е критикувана во Јужна Америка, каде и понатаму е многу популарна. За неа се почесто се пишува во овој контекст, а неодамна фановите на Инстаграм ја прашаа што се случило со нејзиното лице.


Посебно внимание привлече последната фотографија на која позира со силна шминка и фризурата што ја имаше во серијата „Злобница“.


-Благодарна сум за сите подароци што ги имам во мојот живот, но најголемиот подарок што го имам е дефинитивно животот - напиша таа во описот на фотографијата на која едвај се насмевнува. Нејзиното лице изгледа прилично затегнато, а изразот на лицето изгледа прилично ограничен.


ФОТО: Инстаграм принтскрин официјален профил Габриела Спаниќ