Скопјани на летните горештини се разладуваат на реката Треска: Женски магазин во посета на некогашното најпосетувано место за релаксација

Добивај вести на Viber

Ако нареден викенд немате идеа каде да одите, топло ви ја препорачуваме Матка и реката Треска

Годинава летото, а пред се‘ високите температури започна многу рано. Уште на почетокот на јуни, на самиот почеток на официјалното лето граѓаните буквално изгореа од жештини.

Иако е време на одмори и дел од граѓаните на Скопје се разладуваат во своите викендици на планина или езеро, голем дел од нив не излегуваат надвор поради енормното високи температури и се разладуваат под клима. Но сепак има и такви кои спасот од жештините го наоѓаат на реката Треска. 

Природата таму е уникатна, преполно е со големи високи дрвја кои овозможуваат огромна и дебела сенка, но и студената вода која се слива од реката Треска е одлична за разладување. Па така, викендов кога бевме во посета на Матка и Треска, наидовме на голем број на граѓани кои дошле специјално за да се разладат пливајќи во студената река. 

Имаше буквално граѓани од сите генерации, од најмали до највозрасни. Една група на млади момци скокаа во реката од една карпа, понатаму, пар се сончаше на патеката, онаму каде што реката беше поплитка помалите дечиња влегуваа во водата до колена и уживаа во играта на вода со другарчињата... 

Имаше и граѓани кои отишле таму да си направат пикник во природа и покрај шумот на реката да ручат.   

Но исто така, мора да споменеме дека ако планирате да ја посетите Матка и реката Треска за време на викенд направете го тоа порано - наутро бидејќи е гужва и потешко ќе најдете паркинг.


Фото: Женски магазин

Н.Миланова