Скопјани повторно ќе останат без приватниот јавен автобуски превоз, бидејќи, како што информираа возачите, Град Скопје и ЈСП „Скопје“ пак не им плаќаат за услугата. Денеска возачите излегоа на прес-конференција на која кажаа дека немаат веќе пари за гориво, должат на пумпите каде што полнат и веќе почнале да добиваат тужби. Како ќе им снемува гориво, така ќе ги паркираат автобусите и ќе ги исклучат од сообраќај.
Заклучно со јуни кон нив има долг од 140 милиони денари односно 2,2 милиони евра. Приватните превозници добиваат пари од ЈСП „Скопје“, а на јавното претпријатие субвенции му префрла Град Скопје.
Повеќе за информацијата прочитајте на Фактор.Скопјани пак ќе останат без приватен автобуски превоз